Хамилтон: Секогаш ќе бидам возач на Мерцедес

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Сезоната 2022 година ја одбележува десеттата година по ред во која Луис Хамилтон се натпреварува за тимот на Мерцедес, Формула 1. Откако го започна својот престој во Бракли во 2013 година, Британецот освои 82 победи, 77 пол-позиции, 134 подиуми, 47 најбрзи кругови и 6 светски титули.

Во 2022 година, сепак, работите не одат како што посакуваат тој и тимот на „Сребрените стрели“, бидејќи W13 е значително зад болидите на Ферари и Ред Бул, кои го поставија темпото од почетокот на сезоната.

Сепак, Хамилтон нема намера да се раздели со Мерцедес, дури вели дека ќе биде доживотен пилот на „сребрените стрели“.

„Кога сте возач на Мерцедес, доживотно сте дел од Мерцедес. Погледнете го само Сер Стирлинг Мос. Тие се грижат за вас. Тоа е најважно, и затоа секогаш ќе бидам возач на Мерцедес“, изјави Хамилтон.

Актуелниот договор на Британецот со германскиот тим истекува на крајот на следната година.

Слични содржини