Хамилтон стартува прв на „Сузука“, гаф на Ферари го остави Фетел деветти

од Vlatko K

Луис Хамилтон со Мерцедес ја освои својата 8-ма пол-позиција за сезоната и 80-та во кариерата и ќе започне од пвиот стартен ред утре во Гран-при на Јапонија.

Британецот беше без конкуренција на „Сузука“, а неговиот тимски колега Валтери Ботас, заврши веднаш зад него. Ферари направи грешка во третата фаза откако почна да паѓа дожд, и тоа го остави Себастијан Фетел само 9-ти на стартот.

Третќе започне Макс Верстапен со Ред Бул, што е предуслов за интересен старт на трката утре.

Кими Раиконен е четврти, Ромен Грожан петти, а Хартли и Гусли со Торо Росо ќе започнат на 6 и 7. место. Естебан Отон е осми, следен од Фетел, а 10-ти е Серхио Перез.

Слични содржини