Хамнеи: Ерусалим ќе биде муслимански, ќе го славиме ослободувањето на Палестина

од Vladimir Zorba
739 прегледи

Ерусалим ќе биде во рацете на муслиманите и целиот муслимански свет ќе го слави ослободувањето на Палестина, објави денеска иранскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи на платформата X.

Врховниот лидер на Исламската Република напиша објава на хебрејски јазик и објави на мрежата X видео од ирански беспилотни летала кои летаат над планината на храмот во Ерусалим, за време на синоќешниот напад на земјата врз Израел.

Иран во текот на ноќта изврши напад врз Израел поради, како што тврдат, израелски напад врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, што Израел го негира.

Техеран денеска предупреди дека повторно ќе изврши помоќен напад доколку Израел или САД возвратат на синоќешниот напад, при што беа лансирани повеќе од 300 беспилотни летала и проектили, пренесe Танјуг.

Слични содржини