144
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска го одобри барањето на судството за помилување или ублажување на казните на повеќе од 2.800 осуденици, вклучително и 53 лица осудени на смрт.
Хамнеи ја донесе одлуката во пресрет на Курбан Бајрам и по повод 45-годишнината од Исламската револуција.
Помилувањето се однесува на вкупно 2.827 осуденици, а судството соопшти дека се помилувани 53 лица осудени на смрт и дека сега нивните казни се променети во затворски казни, пренесе иранската новинска агенција ИРНА.