Европскиот комесар за финансии, Јоханес Хан денеска од Скопје им порача на политичките чинители во државата да соработуваат меѓусебе на патот кон ЕУ. Според него, ова е тимска задача и политичките сили треба да играат како национален фудбалски тим, а не како поединци.
Хан во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) истакна и дека процесот за членство во ЕУ останува процес базиран на заслуги.
Не е дека чекаме најслабите или најуназадените кандидати да го фатат чекорот со останатите. Не. Ако сте ги оствариле нештата кои треба да ги остварите, заслугата ќе ви биде дадена. Јас ќе останам ваш постојан бранител и промотор, ќе правам се што е потребно во иднина. Важно е главните политички сили да работат заедно на конечната цел на Северна Македонија. Ова е нешто што морате да го ставите настрана – партиските, политичките интереси. Ова можете да го разговарате за многу различни прашања, но ова е национално прашање, ова е главното прашање во кое мора да ги вложите сите ваши заложби, сите сили во Собранието за да ги постигнете вашите цели. Ако тоа го постигнете, можете навреме да го постигнете тоа што е потребно, потенцира Хан во своето обраќањето од Форумот.