Поранешниот еврокомесар за соседска политика и проширување и сегашен еврокомесар за буџет и администрација во ЕУ, Јоханес Хан побарал од Македонија и Грција да го почитуваат и спроведуваат Преспанскиот договор.
Тој ги повикал сите инволвирани страни, вклучително и новата македонска влада, да го почитуваат Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат и на соседните земји.
Запрашан за ова на средбата што ја имал со медиумите во Брисел, Хан одговорил:
„Што се однесува до случајот со Северна Македонија, ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително и новата влада на Северна Македонија, да се држат до договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји. Верувам дека оваа обврска особено на соседните земји, може да им помогне со доследни напори и е нешто што ќе го поддржи целиот регион. Навистина верувам дека ако направиме одржлив чекор напред, во случајот со Северна Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример и во разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија“, кажал еврокомесарот, пренесува грчки „Skai“.