Хан му пиша на Ахмети: Вознемирени сме и ние од политичката криза во Македонија

од Vladimir Zorba
94 прегледи
Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан,  му одговорул  на писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, посочувајќи му дека дека го дели неговото „вознемирување за сериозноста на актуелната политичка криза“  .
Johanes-Han-2ycx2gr4wettoivh36rk00

„Политичките субјекти и институциите на вашата земја се соочуваат со тест на нивната демократска зрелост во решавањето на оваа криза. Сега државата треба да се соочи со оваа криза и на одговорен начин и демократски да ги реши политичките и правните импликации од оваа криза. Европската Унија има волја да ги поддржи напорите на партиите во овој процес. Во наредните денови предвидени се контакти помеѓу соговорниците од двете главни партии на ФИРОМ и неколку Членови на Европскиот Парламент. Се надевам дека ќе има конструктивни разговори кои би можеле да обезбедат напредок“, напишал Хан во писмото до Ахмети, посочувајќи му дека ја цени неговата посвтеност.