Хан не доаѓа на лидерската средба в понеделник

од desk3
104 прегледи

преговори
Од ЕУ потврдуваат дека Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, нема да присуствува на лидерската средба која ќе се одржи во понеделник, а на која ќе се направат последни обиди да се постигне договор меѓу лидерите на опозицијата и на власта за решавање на политичката криза- информира А1он.

„Комесарот нема да присуствува на средбата, но останува во контакт со соговорниците и ги остава каналите за комуникација отворени – изјави за „А1он“ портпаролката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика“, Маја Коцијанчиќ.

Како што претходно беше изјавено одлуката на Хан дали ќе дојде во Скопје во понеделник зависише од тоа колкави се шансите дека преговорите наредната недела ќе завршат со конкретен договор.

За сега позициите на двете страни остануваат непоместени со оглед на изјавата на премиерот, Никола Груевски за „Фајненшал тајм“ каде вели дека нема да се повлече од функцијата и покрај инсистирањата на опозицијата.

 

Извор: А1он