Хан не доаѓа -Денеска само лидерска средба за по дома

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Во Клубот на пратениците, денеска попладне треба се одржи нова лидерска средба меѓу претседателите на четирите најголеми партии – Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев на СДСМ, на ДУИ Али Ахмет, и Мендух Тачи на ДПА на која треба да се побара решение за излез од актуелната политичка криза.

лидеска

Средбата беше договорена по најкратките разговорите на партиските лидери одржани на 19 јуни во Клубот на пратениците на кои присуствуваа и амбасадорите на ЕУ и на САД Аиво Орав и Џес Бејли, а на кои тие уште еднаш ја потврдија нивната целосна посветеност на договорот од 2 јуни , она потоа допрецизирано во Брисел , со посредство на евокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан.

– Ние, лидерите на главните политички партии, денеска се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни. Ние, исто така  го поддржуваме транспарентното менаџирање од страна на ЕУ со текстот на овој договор, како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на  владеењето на правото кои ќе бидат спроведени во интерес на сите граѓани, беше наведено во заедничкото соопштение по средбата.

Но она што ги кочи двете страни и преговарачите  е преодната влада, дефинирањето на нејзините обврски и кој ќе ја води. Груевски не прифаќа да биде тргнат или евентуално само на 3 месеци пред изборите, СДСМ бара веднаш и само така би имал смисол преодниот период и организирање следни предвремени избори а преговарачите и посредниците наговарааат тоа да виде 6 месеци  пред изборите, значи тргање на Груевски од Октомври.

Еврокомесарот Јоханес Хан го поздрави исходот од состанокот на политичките лидери, а ЕК испорача приоритети за итна реформа што „Република Македонија треба да ги исполни во областа на владеењето на правото и основните права, деполитизација на јавната администрација, слободата на изразување и изборните реформи“.

Владата на седница одржана на 23-ти овој месец во обид да ги дефокусира критеите на ЕУ особено лошзта слика за Македонија преку извешатојот на Прибе,  усвои План за нови реформи за европската интеграција фокусиран на унапредување на владеење на правото, слободите, изборното законодавство, борбата со криминалот и корупцијата со конкретни мерки и рокови, носители на проекти и цели кои треба да се исполнат.

Еврокомесарот сакајќи да се изземе од овие игранки и блокирањето на преговорите денеска нема да дојде на преговори, бидејќи е јасно деканиту Груевски, ниту Заев се бликсу до решениеот за излез од кризата.

На 2 јуни во Скопје беше одржан состанок на лидерско ниво по кој еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека на пат е постигнување договор за решавање на политичката криза во земјава. Меѓу другото, во документот се предвидува прво преодна влада која ќе треба да го подготви општесвото, враќање на опозицијата во  парламентот, до крајот на април следната година да се одржат нови предвремени парламентарни избори, да се направат измени во изборниот законик и во избирачкиот список.

Засега нема очекувања дека премиеорт Никола Груевски ќе се согласи да се тргне од евентуалната нова транзициска влада,неговиот став го поддржуваат и Ахмети и Тачи, што значи дека е извесно фијаско и на денешната лидерска средба.