Хан незадоволен од тоа “што не оди добро” во Македонија, доаѓа најдоцна до 15 јануари

од desk3
81 прегледи

Европскиот комесар за проширување и добро соседство Јоханес Хан им се обратил со писмо на четворицата лидери на најголемите парламентарните партии во земјава, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, изразувајќи загриженост за застојот на имплементацијата на Пржинскиот договор.

johanes-han-2ycx2gr4wettoivh36rk00
Според дипломатски извори од ЕУ , наместо медијаторот Питер Ванхауте, кој веќе е во Брисел, лично Хан ќе се обиде да го придвижи политичкиот дијалког кој повторно е згалавен.

Говорот на Иванов во “1-во лице множина”- за се лошо биле виновни другите, но не тој и останатите од власта

Посетата на Хан е планирана пред 15 јануари, кога истекува рокот од Договорот од Пржино кога премиерот Никола Груевски треба да поднесе оставка и да се формира техничка влада.

Како што брифираат допломатските извори, Хан е незадоволен затоа што пречекорувањето на роковите предвидени со Договорот од Пржино, веќе го загрозува и одржувањето на парламентарните избори закажани за 24 април.