Хан: Во Македонија не се подготвени за тешки одлуки

од desk4
84 прегледи

Пред две недели, пратениците Ховит, Кукан и Вајгл, со кои заедно посредувавме во политичкиот договор минатото лето, уште еднаш одиграа клучна улога во помагањето на Македонија да се соочи со своите политички предизвици, одржувајќи го жив политичкиот договор, рече еврокомесарот Јоханес Хан во обраќањето пред европарламентот пред гласањето за резолуцијата за Македонија, јавува 24 вести.

han-21-540x406

. „Нивната посета на Скопје следуваше по писмото од шефот на делегацијата на ЕУ и амбасадорот на САД до премиерот во кое беше претставен нашиот став дека нема услови за организирање веродостојни избори на 24 април“, рече еврокомесарот.

„Земјата, исто така, е на првата линија на миграциската криза каква што досега немало во Европа и Комисијата останува посветена да продолжи да ѝ помага на земјата во овој предизвик“, заклучи Хан.

Од една страна, Извештајот што пред крајот на минатата година го издаде Европската комисија призна дека земјата има добро ниво на подготовка за развојот на функционална пазарна економија. Таа исто така има релативно добро ниво на усогласеност со европското законодавство. Ова значи дека вистински закони и стратегии се повеќе или помалку на место. Прашањето е, како и во сите земји, за нивната примена и имплементација, како и политичката волја да се донесат тешки одлуки, истакна комесарот Хан пред европратениците.

Во говорот во Европарламентот, Хан се заблагодари на Комитетот за надворешни работи на ЕП и на известувачот Иво Вајгл за Резолуцијата која е за усвојување. Тој смета дека резолуцијата е избалансирана и во согласност со главните наоди од прогрес-извештајот на Еврокомисијата од 2015 година за Македонија.

– Како што сите знаеме, извештајниот период беше многу тежок за земјата. Сепак, убеден сум дека нашиот извештај ја погоди вистинската рамнотежа, потенцира Хан.

 

Паралелно со политичкиот договор, според еврокомесарот, во јуни минатата година Европската комисија презентирала сет на „итни реформски приоритети“ чија цел е владеењето на правото, но тој уште еднаш потенцираше дека „политичката волја е клучна за напредокот на овие приоритети“.

– Во нашиот извештај е наведено дека Комисијата е подготвена да ја достави својата препорака за отворање на пристапните преговори со земјата, условено со континуирано спроведување на политичкиот договор од јуни и јули 2015 година и значително спроведување на итните реформски приоритети. Ние постојано ги следиме овие прашања и ќе поднесеме извештај за тоа во догледно време, дециден е Хан.

Како што со право се истакнува во Резолуцијата, меѓуетничкита состојба во Македонија, според Јоханес Хан останува слаба во земјата. Тој порача дека треба да се преземат проактивни мерки за решавање на меѓуетничките проблеми и да се изгради поголема доверба меѓу заедниците и во овој поглед прегледот на Охридскиот рамковен договор да биде завршен.

– Добрососедските односи, исто така, се од суштинско значење за земјата. Решавањето на прашањето за името останува приоритет. Земјата е исто така на линијата на фронтот на големата миграциска криза со бегалци со која се соочува Европа и Еврокомисијата останува посветена да продолжи да и помага на земјата за справување со овој предизвик, заклучи Хан.