Хан за Куманово: Целосно да се истражат настаните на објективен и транспарентен начин според законите

од desk3
99 прегледи

images (1)

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во својата реакција по повод вчерашните случувања во Куманово.

„Длабоко сум загрижен за состојбата во регионот на Куманово и можните повредени и загинати. Апелирам до властите и до сите политички и лидери на заедниците да соработуваат, да ја вратат смиреноста и целосно да ги истражат настаните на објективен и транспарентен начин според законите.

Апелирам до сите актери за најголема воздржаност. Секоја понатамошна ескалација треба да се избегнува, а тоа е во најголема важност во интерес на целокупната стабилност во земјата“, се вели во реакцијата на Хан.