Handelsblatt: На Балканот Путин е вистински идол

од Vladimir Zorba
81 прегледи

На Балканот  кон Владимир Путин се однесуваат со голема почит и  емоции, Идолопоклонството се покажува во разни форми од графите, билборди, плакати, во  Сараево на пр. младите носат маици со сликата на рускиот претседател, а во Белград може да се видат плакати, на кои Русија е наречена “најголемиот  словенски брат” , пишува германскиот бизнис-весник Handelsblatt.

20150812.cjyykbvyjb

Според изданието, во Србија ситуацијата е слична: иако земјата е кандидат за член на ЕУ, Русијае длабоко  присутна во животот. Големо мнозинство од населението го поддржува курсот на зближување со Русија. Луѓето не го  заборавиле бомбардирањето на НАТО во 1999 година и целосната руска поддршка за Косово. Србите се убедени дека единствено Русија може да им покаже и даде братска  помош.Кога минатата година Балканот ги снајдоа  поплави, токму РФ помогна на луѓето брзо и без бирократски  одложување. Додека во Брисел уште дискутираа како и со што да помогнат, Русија веќе испрати хеликоптери,  техника, медицинска помош и спасители, пишува Handelsblatt. Весникот потсетува дека Русија и територијата на Западен Балкан се населени со православни Словени, традиционално меѓусебно поврзани.

На Запад гледаат со тревога  на зближување на Русија со балканските земји. Државниот секретар на САД Џон Кери во почетокот на годината, изјави дека Србија, Црна Гора, Косово и Македонија се најдоа “на линијата на огнот” меѓу Русија и Западот. Според експертот за Балканот од германскиот Фонд на економија и политика Душан Реџич, причината за алармот  на жителите од регионот кон Русија лежи во тоа дека “економските трансформации” во овие земји  и не почнаа да функционираат со полна сила.Ветувањата на ЕУ и не се  исполнети и во овој момент, тврди експертот, постои ризик од “сериозен економски пад”. Во овие услови некои политичари би сакале да се појават како  “контрапроект на ЕУ”. Реџич  на “хистеријата во однос кон Русија на Балканот” смета  дека е неоправданам и  според него руското влијание врз политиката во регионот е ограничено на Србија која се “придржува кон европскиот курс, но при тоа не сака од поглед. да  ја изгуби Русија .