Хандл денеска во Скопје, Нуланд по неколку дена- ќе ги “будат” преговорите

од desk3
139 прегледи

Денеска во Скопје пристигнува германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, а за неколку дена треба да дојде и американската дипломатка Викторија Нуланд. Се очекува засилен притисок за излез од политичката криза.

hajndl-nuland-860x680

Во пресрет на утрешната посета на специјалниот пратеник Јоханес Хајндл, опозицискиот СДСМ очекува зголемување на притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ за решавање на политичката криза. Од оваа партија се надеваат дека притисокот врз Никола Груевски ќе расте, имајќи ги предвид изјавите на Европската комисија и на меѓународната заедница, кои, како што велат, ја посочиле Владата како директен виновник за политичката криза.

Студентски пленум објави видео за скандалозните избори: брУКИМ, реагирај!

И од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат посетата на странските дипломати да придонесе за надминување на политичката криза. Од оваа криза во која нè втурна Зоран Заев, последиците ги чувствуваат сите граѓани, соопштуваат од владејачката партија.

Во меѓувреме, партиските преговори се прекинати, а дали и кога ќе продолжат најверојатно ќе се знае по посетата на Хајндл.

Слични содржини