Ханси Флик не е „модел“ за Барселона, Баерн е пореална опција

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Барселона бара нов тренер, за почеток, претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко создадоа „модел“ на стручњак кој на крајот од сезоната ќе го замени Чави Ернандез и на некој начин ќе продолжи со традицијата на игра и општото разбирање за фудбалот во овој клуб, кој, со одредени промени, трае веќе 15 години.

Поранешниот селектор на Германија, Ханси Флик се најде на листата на кандидати, но далеку од фаворитите. Како што пренесува „Марка“, Деко многу јасно и претставил на јавноста каков тренер сака во Барселона.

„Барса без разлика на стилот има фудбал и начин на игра кој го знаат тренерите. Јас немав германски тренер, имав Холанѓанец, Италијанец, Бразилец… Националноста не е важна. Важно е тој да го знае фудбалот на другите земји и да тренирал на други места. Квалитетот, амбицијата се исто така важни…“, рече Деко во интервју за Радио Каталуња.

Ханси Флик работеше само во Германија и ако Деко се држи до тоа што јавно го кажа, тогаш шансите на поранешниот тренер на Баерн се мали до никакви. Многу поизвесно е дека Флик ќе се врати во Баерн наместо Томас Тухел, бидејќи таму остави голема трага и освои се што е можно.

Ако судиме според зборовите на Деко, многу поблиску до клупата, претпоставува „Марка“, се Томас Тухел, тренер на Баварците кој работеше во Франција и Англија и Роберто Де Зерби кој работеше во Украина, Италија, а сега е менаџер на Брајтон. Во секој случај, Барселона ќе мора добро да избере и нема премногу кандидати, барем според „зацртаниот модел“.

Во меѓувреме, Деко вчера се сретна со агентите на Ерлинг Халанд. Каталонците го посакуваат голгетерот на Манчестер Сити, но патот до тоа е тежок, а не невозможен.

Слични содржини