Хантер Бајден се изјасни за невин по обвиненијата за набавка на огнено оружје

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Синот на американскиот претседател Хантер Бајден денеска пред судот се изјасни за невин по трите обвиненија поврзани со огненото оружје што го купил во 2018 година, додека наводно користел недозволени супстанци.

Неговата адвокатка, Аби Ловел, рече дека Бајден ќе поднесе барање за отфрлање на случајот, оспорувајќи ја неговата уставност, пренесува Си-Ен-Ен.

Хантер Бајден беше обвинет за поседување огнено оружје и покрај тоа што бил зависник од дрога, како и за давање лажни изјави кога купил пиштол.

Слични содржини