Хаос на Африканскиот куп: Судија два пати свиреше крај пред време, ги принудуваа екипите да се вратат на терен

од Nikola Popovski
276 прегледи

На натпреварот од Купот на африканските нации беше виден целосен хаос каков што фудбалот досега не видел.

Фудбалската репрезентација на Мали славеше со резултат 1:0 против Тунис во првиот осминафинален натпревар од Африканскиот куп на нации од групата Ф.

Голот беше постигнат во 48. минута кога Коне погоди од белата точка.

Најдобрата шанса за израмнување ја имаше Тунис во 77. минута кога судијата досуди пенал откако еден од играчите на Мали играше со рака. Сепак, Вахби Казри не го изведе добро пеналот и голманот Мали Мункоро одбрани брилијантно.

Во самиот финиш на натпреварот следуваа две нереални ситуации. Судијата од Замбија Сиказве свиреше крај на натпреварот во 85. минута, па кога виде дека греши продолжи. Само четири минути подоцна повторно свирна крај во 89. минута, иако имаше потреба од барем неколку минути продолжување, со оглед на еден црвен картон и девет измени.

Потоа следеше жестока реакција на играчите и стручниот штаб на Тунис, кои се пожалија и побараа продолжување на натпреварот.

Тоа не беше крајот, бидејќи организаторите бараа екипите да се вратат на терен со влегување на прес-конференцијата на репрезентацијата на Мали, но селекторот Мохамед Магасуба полуде и одби да го врати својот тим.

Во следното коло Мали ќе игра против Гамбија, а Тунис против Мавританија.

Слични содржини