ХАОС на мечот Детроит – Лејкерси, Леброн исклучен поради лакт во глава (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Леброн Џејмс беше исфрлен поради тепачка на натпреварот со Детроит Пистонс.

Ајзеа Стјуарт и Леброн Џејмс беа главни актери во големиот хаос ноќта меѓу неделата и понеделникот.

Како што можете да видите на видеото, се започна кога Џејмс со лакт го удрил Стјуарт во лицето и направи голема расекотина над десното око.

Поради овој неспортски потег исклучен е Леброн Џејмс.

Во тој момент имаше 10 поени, 5 асистенции, 1 скок и 2 загубени топки при 78:66 во корист на Пистонс на 9:18 пред крајот на третата четвртина.

На крајот „езерџиите“ го добија мечот без негова „помош“.

Слични содржини