Хаос на небото: Се судрија два воени борбени авиони (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Два авиони Т-27 Тукано на колумбиските воздухопловни сили се судриле денес за време на тренинг лет во близина на воздухопловна база во централниот дел на земјата.

Воздухопловните сили на Колумбија соопштија дека е загинал потполковник кој управувал со еден од авионите. Другиот пилот преживеал.

– На местото на инцидентот е испратена увидна комисија за утврдување на причините за судирот, се наведува во соопштението.

Видеото објавено на социјалните мрежи наводно го покажува моментот на инцидентот. Се гледаат неколку летала како летаат блиску еден до друг, а во еден момент крилото на еден од авионите избувнува во силен пламен.

Пилотите вежбале за аеромитинг закажан за Денот на независноста на Колумбија на 20 јули во градот Рионегро.

Слични содржини