ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО ЛОНДОН! Илјадници протестираат против мерките за Ковид!

од Берта Китинска
234 прегледи

Илјадници луѓе се собраа денеска во Лондон на протест против мерките за ковид, кој беше организирана преку повик на социјалните мрежи на оние групи кои велат дека мерките на британската влада за коронавирус ги загрозуваат човековите права.

Организаторите ги поканија учесниците денеска напладне да се соберат на плоштадот во Вестминстер, од каде што ја започнаа својата прошетка низ главниот град.

На видеото од некои од учесниците, објавено на Твитер, се гледа бескрајна колона луѓе кои маршираат низ градот.

Според „Дејли експрес“, протестите биле организирани од коалиција на неколку организации, меѓу кои и „Заедно“, која започнала онлајн петиција против пропусниците за вакцини, задолжителните вакцини и владините мерки против Ковид потпишани од повеќе од 167.000 луѓе досега. .

Протестот беше критикуван и на социјалните мрежи, а некои од нив сугерираат дека ваквите собири го зголемуваат преносот на вирусот, а со тоа и веројатноста за нови строги затворања, пишува британскиот весник.

Слични содржини