Хаос околу вакцините: Шведска престана да му плаќа на Фајзер

од Nikola Popovski

Шведска привремено ги суспендираше плаќањата до „Фајзер“ за вакцината и бара појаснување во врска со количината на достапни дози во секое шише, објави во вторникот дневниот весник „Дагенс нихетер“.

Шведска сака да го знае бројот на дози што доаѓаат на наплата, откако „Фајзер“ пресмета шест дози во секое шише наместо договорените пет, пишува весникот.

„Фајзер Шведска“ одби да го коментира извештајот на Ројтерс, но за „Дагенс Нихетер“ изјави дека наплатува шест дози по шише вакцина.

Лидерот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус минатата недела го нарече нееднаквиот пристап до вакцината „катастрофален морален слом“, повикувајќи ги државите и производителите да дистрибуираат вакцини порамноправно низ целиот свет.

Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамапоса ги повика богатите земји да не натрупуваат вакцини, велејќи дека светот треба да ги здружи силите за борба против пандемијата.

„Богатите земји во светот набавија големи количини на дози“, рече тој на виртуелниот состанок на СЕФ.

– Некои земји набавиле и до четири пати повеќе отколку што им треба на нивното население … со исклучок на други земји – наведува тој.

Слични содржини