Хаос поради снегот во БиХ: Тројца загинаа во сообраќајки, автобус се излизга од патот

од desk2
132 прегледи

Три лица загинаа во одделни сообраќајни несреќи во понеделник во Босна и Херцеговина, каде сообраќајот тешко се одвива поради новите снежни врнежи, потврдија од полицијата.

Две несреќи со смртен исход се случија утрово, кај местото Лакташи во околината на Бања Лука. Автомобил „Голф“ се излизгал од патот, при што загинале двајца патници, еден е потешко и еден полесно повреден. Нешто подоцна во слични околности загина и совозач во автомобил „Пежо“, а другиот е потешко повреден.

Во околината на Зеница се излизга автобус со 50 патници, работници кои одлеле на работа, и удрил во дрво, но никој не е повреден посериозно.

Сараево е оковано од снег и мраз, а повеќе патни правци се завеани.
Поради неисчистени улици и тротоари сообраќајот се одвива отежнато.