Хаос со подземните контејнери во Карпош, ѓубре насекаде (ФОТО)

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Непријатни слики секојдневно се забележуваат околу подземните контејнери на ул. „Никола Русински“ во Карпош 3.

Купишта ѓубре се собираат околу контејнерите кои пред околу една година беа поставени од Градот Скопје.

Несовесните граѓани, но и недоволниот капацитет да ги опслужи сите граѓани во околината, се виновни за ваквите, за овој дел од градот, ретко видени слики.

Комунална хигиена го собира сметот само еднаш дневно, и тоа по 23 часот, а тоа очигледно не е доволно за да се задржи овој дел од Карпош чист.

Слична е ситуацијата со сите подземни контејнери поставени долж улицата „Никола Русински“.

Фото: Локално

Слични содржини