Седницата на албанското Собрание траеше само 15 минути, поради протестите и викањето на опозициските демократи, кои насилно влегоа во салата, пишува Albanian Daily News.
Премиерот Еди Рама, кој бил присутен на вчерашната седница, не можел да зборува, а демократите се обиделе да дојдат до него, но биле спречени од обезбедувањето.
Претседателката на Собранието, Линдита Никола ја обвини опозицијата дека гледа само на сопствените интереси, а не на народот.
Албанскиот парламент пред една недела исфрли неколку демократски пратеници, но дел од нив успеаја да влезат во собранието.
Демонстрантите се собрале и пред зградата на парламентот и се судриле со полицијата.
Инцидентите во парламентот на Албанија веќе извесно време се повторуваат, а за време на нив пратениците од опозицијата палеа факели и фрлаа столчиња.