Хаос во Белград поради снегот, сообраќајот сопрен

од desk2
98 прегледи

Повеќе автобуски линии се прекинати денеска, откак во Белград, главниот град на Србија почна да паѓа снег, а недоволно исчистените улици го парализираа градот.

Дел од автобусите кои утрово тргнале по своите патеки, останале заглавени на некои улици и понатаму не сообраќаат. Патниците патот го продолжуваат пешки.

Во Градското сообраќајно претпријатие за Бета велат дека состојбата во Белград е катастрофална и дека автобускиот сообрачај е спрен во неколку населби.

Сите белградски комунални служби се подготвени за најавените снежни врнежи, а во чистењето на снегот ќе бидат ангажирани околу 1.000 луше, изјави градоначалникот Зоран Радојчиќ.

Тој смета дека обично првите часови по паѓањето на снегот се комплицирани, но очекува дека за кусо време градот ќе биде исчистен и функционален. Ги замоли граѓаните да ги исчистат приодите кон влезовите.