Хаос во Белград: Приведени четири лица, туркаа и удираа полицајци (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград се приведени четири лица кои денеска клоцаа припадници на српското МВР на улицата Таковска пред Домот на Народното собрание на Србија. Тие ги клоцаа полицајците во моментот кога му се легитимираа на расчинетиот монах Антоније, кој беше на протестна прошетка.

На видеото се гледаат жени кои викаат, ги удираат и туркаат полицајците.

Тие добија притвор до 48 часа од Првото основно јавно обвинителство Белград за кривично дело член 23 од Законот за јавен ред и мир – попречување службено лице во вршење на службената должност.

Приведени се К.Н.(30) и М.М. (32), М.М. (34) и Т.Б. (35).

Потсетуваме, Вишото јавно обвинителство во Белград даде наредба до полицијата и основните јавни обвинителства за притвор до 48 часа за сите кои денеска ќе ги нападнат новинарите кои известуваат од настаните во Белград, како и членовите на МВР кои се задолжени за обезбедување ред и мир на настаните.

Слични содржини