Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку се најде на удар на соиграчите по контроверзното интервју.
Британски „Атлетик“ пишува дека му замериле најмалку четворица соиграчи, меѓу кои и Жоржињо.
Белгиецот даде интервју за „Скај Спорт“ во кое меѓу другото рече дека е незадоволен од моменталната ситуација и дека би сакал еден ден да се врати во Интер.
Тој летово се пресели во Лондон за 115 милиони евра, па Челзи сигурно не се надеваше на такви зборови.
Заедно со Италијанецот, лути на Лукаку се и Нголо Канте, Цезар Аспиликуета и Антонио Рудигер, кои му се обратиле на Томас Тухел, менаџерот на „сините“, за да му се пожалат поради однесувањето на Лукаку.
Наводно барале и дисциплинска мерка за Лукаку, со отстранување од тимот против Ливерпул.
Британците јавуваат и дека ситуацијата со другите играчи не е поинаква, а зад Лукаку не застанал ниту еден соиграч.