Повеќе десетини илјади ереванци ги блокираа патиштата кон главниот град на Ерменија откако лидерот на опозицијата Никол Пашињан повика на граѓанска непослушност.

Демонстрантите блокираа повеќе главни патишта во Ереван, патиштата за влез во градот како и главниот пат што води кон аеродромот. АФП јавува и дека многу продавници се затворени.
Да потсетиме, Народното собрание на Ерменија во вторник одржа посебна седница на која требаше да биде избран премиер, а единствен кандидат беше лидерот на опозицијата Никол Пашињин.
Но, тој не е избран, а за него гласаа 45 од вкупно 105 пратеници – осум помалку од неопходните 53, заради што тој во среда повика на генерален штрајк.
Пашињин ги повика своите приврзаници да ги блокираат „улиците, аеродромите, се“, а на полицијата апелираше да им се придружи на демонстрантите.Освен тоа, наведе и дека протестното движење ќе прерасне во граѓанска непослушност низ ненасилство.
Според ерменскиот устав, во слуачај пратениците на првата седница на парламентот да не изберат премиер, нова седница се закажува за седум дена. Ако и тогаш не се избере премиер парламентот се распушта.
Нова посебна седница на која треба да се избере премиер ќе биде закажана за 8 мај.
Ерменија е потресена од политичка криза од 13 април кога опозициските партии организираа протести поради кои премиерот и претходно долгогодишен претседател на таа земја Серж Саргсјан поднесе оставка на 23 април.
Пажињин претходно изјави дека ќе следи „политичко цунами“ доколку владејачката партија одбие да ја поддржи неговата кандидатура.