Хаос во Формула 1: Уапсен навивач на Верстапен, фрлил димна бомба на патеката

од Nikola Popovski
197 прегледи

Голем скандал го потресе светот на Формула 1 пред денешната трка.

Навивачи на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, фрлиле димни бомби на патеката за време на квалификациите за Големата награда на Холандија, по што едно лице било уапсено.

Сето тоа се случи за време на вториот круг од квалификациите кога на патеката беше само Алекс Албон и беше покажано дека црвеното знаме за да се расчисти сѐ. Втората димна бомба долетала во третиот дел од квалификациите.

Поради ова тие беа во прекин, поради загрозена безбедност на возачите.

„Да го држиш факелот, тоа е во ред некое време и има ограничување колку долго можеш да го држиш, но да го фрлиш на патеката е едноставно глупаво. Мислам дека лицето што го направи тоа е исфрлено. Тоа не е добро за никого, ќе те исфрлат и повеќе нема да ја гледаш трката. Сесијата е затворена за нас бидејќи е опасно да имаме нешто на патеката“, изјави Макс Верстапен по квалификациите.

Тоа не го спречи Холанѓанецот да заземе нова пол-позиција, а зад него беа болидите на Шарл Леклер и Карлос Саинц, додека Луис Хамилтон заврши на четвртото место.

Трката за големата награда започнува во 15 часот, а Макс Верстапен ќе се обиде да ја зголеми бодовната предност во шампионатот.

 

Слични содржини