Хаос во Германија: Пoлитичари нападнати со бејзбол палка!

од Nikola Popovski
274 прегледи

Во Германија, во два одвоени инциденти биле нападнати двајца советници и член на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) од Саксонија во покраинскиот парламент.

Во германскиот град Карлсруе во саботата, пред кафуле во центарот на градот, маскирани напаѓачи лесно повредиле двајца градски советници од АфД и уште едно лице, а претходно истиот ден во Дрезден, маж ненадејно удрил со тупаница пратеник на АфД од Саксонија, пренесува „Велт“.

Портпаролот на полицијата во Карлсруе соопштил дека на сите повредени им била укажана помош на местото на настанот.

Тој потврди, дека полицијата привела пет лица, а по проверката на нивните лични податоци ги ослободила, додека останатите осомничени сторители успеале да побегнат.

Од АфД соопштиле дека градските советници биле нападнати со бејзбол палка, а полицијата соопшти дека „на местото на настанот бил пронајден стап“.

Според АфД во општинскиот совет на Карлсруе, нападот, во кој учествувале околу десет лица, бил организиран од радикални левичарски кругови.

Против напаѓачот на пратеникот на АфД во Дрезден е поднесена кривична пријава.

Слични содржини