365
Во многу неизвесна завршница на шпанскиот шампионат се виде сè, а по голема борба Атлетико Мадрид дојде до титулата. Следеше огромна прослава на улиците на главниот град, но не заврши сè на убав начин.
За време на прославата на титулата почина 14-годишно момче. Почина поради многу тешки повреди на главата.
Полицијата исто така имаше многу работа, справувајќи се со навивачите на Атлетико Мадрид. Имено, приврзаниците на мадридските „црвено-бели“ тргнаа да ја слават титулата со играчите, но полицијата не им го дозволи тоа.
Некои од нив ја пробија оградата, па полицијата ги растури со палки и почна да ги тепа.
Јаник Караско му даде дрес на еден навивач кој го „извлече подебелиот крај“.