Хаос во Мадрид: Навивачите ги навредуваа играчите на Атлетико, Хермосо сакаше да се пресмета со нив

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Атлетико Мадрид синоќа загуби од Виљареал на домашен терен со 2:0, а по мечот работите ескалира, откако еден фудбалер на „јорганџиите“ сакаше да се пресмета со своите навивачи.

Станува збор за Марио Ермосо, кому му пречело слушање навреди кон соиграчот Антоан Гризман.

Стоперот на Атлетико се упати на трибините кај челниците на најрадикалната навивачка група на Атлетико Мадрид.

Ситуацијата дополнително ескалира кога тој се обиде да стигне до самата трибина и навивачите кои ги навредуваа по поразот од Виљареал од 2:0.

Навивачите на Атлетико го потсетија на неговото минато и дека целата своја јуниорска кариера ја поминал во Реал Мадрид, што придонесе за зголемување на тензиите меѓу нив.

На крајот, благодарение на обезбедувањето кое го сочинуваа голем број редари, како и полиција, а со помош на некои играчи на Атетико, Хермосо беше отстранет од трибината, па немаше физичка пресметка со навивачите. .

Погледнете како тоа изгледаше во видеото:

Слични содржини