ХАОС во Мајами: Јутјубер ја грабна капата на Мејведер, следеше жестока тепачка (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
396 прегледи

Пензионираниот боксер Флојд Мејведер и Логан Пол се степаа пред нивниот боксерски натпревар во Мајами. Сепак, оваа ситуација не помина без инциденти.

Целата работа ја „запали“ помладиот брат на Логан, Џејк, кој исто така е ѕвезда на Јутјуб.

По кратка вербална дискусија, тој му го украде капачето на Мејведер. Тоа само го натера легендарниот боксер (50 победи во 50 борби) да ги изгуби нервите и да го нападне Џејк. Пред насобраните новинари, тој почна да го удира силно и да вика.

„Ќе те убијам кога ќе те фатам“, извика Мејведер додека обезбедувањето го повлекуваше Џејк.

Јутуберот подоцна се огласи на Твитер.

„Му ја украдов капата затоа што тој краде пари на луѓето со неговите досадни борби“, напиша Џејк, кој заработи и модринка под окото.

Логан Пол досега има направено две борби со ЈуТјуберот КСИ, едниот натпревар завршил без победник, додека другиот пат бил поразен.

Од друга страна, на Џејк Пол му оди подобро затоа што го победи Гиб, друг Јутјубер, кошаркарот Нејт Робинсон, па дури ММА борецот Бен Аскрен.

Егзибицискиот натпревар помеѓу Мејведер и Логан Пол најпрво беше закажан за 20 февруари, но сепак двајцата борци ќе се натпреваруваат на 6 јуни во Мајами.

Слични содржини