Хаос во Сао Паоло: Хамилтон дисквалификуван, казнет и Ферстапен!

од Nikola Popovski
495 прегледи

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше дисквалификуван од квалификациите пред Големата награда на Бразил, додека возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше казнет поради недозволен потег по возењето.

Формула 1 го објави епилогот од инцидентот кој се случи на квалификациите за трката во Сао Паоло.

Имено, Луис Хамилтон беше дисквалификуван од квалификациите поради технички неправилности поврзани со системот за намалување на отпорот на воздухот (DRS).

Затоа, се наведува од Ф1, актуелниот шампион в недела ќе стартува од последната позиција.

Ферстапен доби многу поблага казна и ќе треба да плати 50.000 евра, бидејќи по завршувањето на квалификациите го допре болидот на Хамилтон.

На тој начин тој ги прекршил правилата, но надлежните органи по темелно прегледување на снимката констатирале дека контактот со автомобилот на противникот немал последици по него.

Во недела од 18 часот на програмата е трката за ГП на Бразил, а голема борба се води меѓу Британецот и Холанѓанецот. Ферстапен е лидер со 312,5 бодови, а зад него е Хамилтон со 293,5 на четири трки пред крајот на сезоната.

 

 

Слични содржини