Хаосот што овој период му се случува на Град Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, соопштија утрово од СДСМ.
Од партијата потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт, кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите ушравни и надзорни одбори на јавните претпријатија во Градот, вкучително и во Јавното сообраќајно претпријатие.
-Наместо да работат за граѓаните и градот кадрите на ВМРО-ДПМНЕ работат по инструкциите на Мицкоски кого не го интересираат граѓаните, туку интерресите на мала бизнис група од ВМРО-ДПМНЕ. Шпицниот градоначалник Мицкоски, мнозинството во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ членовите на управните и надзорните одбори од ВМРО-ДПМНЕ, се единствените виновници што денеска Скопје е заглавен град, што граѓаните се без јавен превоз, истакнаа од СДСМ.