Маж избоде пет лица во супермаркет во Нов Зеланд, а три лица се во критична состојба, соопштија локалните власти.
Полицијата додаде дека осомничениот е уапсен и приведен по крвавиот настан во супермаркетот Каунти Даун во градот Данедин, пренесува АП.
Меѓу повредените има и двајца работници во супермаркет.
Луѓето кои се нашле во продавницата за време на инцидентот за локалните медиуми изјавиле дека биле сведоци на хаотични сцени – луѓето почнале да врескаат и да трчаат кон излезот.
Некои похрабри клиенти се обиделе да го запрат напаѓачот и да го срушат на земја.
Премиерката Џacасинда Ардерн изјави дека мотивот за нападот сè уште не е познат, но полицијата засега нема докази да го класифицира нападот како домашен тероризам.
– Јасно е дека ваквиот напад е многу загрижувачки, но сакам да ја истакнам храброста на луѓето кои презедоа акција за да ги спасат луѓето околу нив. Нашите мисли се со луѓето кои беа повредени во нападот – рече Ардерн.
Здравствените работници од локалната болница рекоа дека тројца ранети биле примени на одделите за интензивна нега, четвртото лице останало на одделот, а петтото по укажаната помош е пуштено дома.