Првиот вицепремиер и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити негира дека се обидел да го убеди пратеникот во косовското собрание, Адем Хоџа, кој се приклучил на пратеничката група на ААК, да гласа за Албулена Хаџиу за претседателка на тамошниот парламент. Меџити вели дека не ја познава Хаџиу ниту Хоџа.
Ваквите инсинуации ги упати лидерот на ААК и екс-премиер на Косово, Рамуш Харадинај.
Според Меџити, лидерот на ААК бил погрешно информиран.
„Во принцип, соработката на Албанците преку границата е природна и плодна. Имаме членови на семејства во Скопје кои исто така имаат семејства во Косово и тие се мешаат секојдневно. Не го гледам тоа како штетно. Додека во врска со овие критики, мислам дека некој го погрешно информирал г-дин Харадинај, бидејќи никогаш во животот не сум го сретнал дотичниот пратеник и не го познавам. Јас лично не го познавам бидејќи сум го запознал“, изјавил Меџити за косовската „Теве1“.
Тој, исто така, негирал вмешаност во изјавите на пратеничката Дуда Баље, која рекла дека ѝ било понудено место на професор во Скопје во замена за глас за Хаџиу. Еден од лидерите на ВЛЕН изјавил дека последниот пат кога се сретнал со Баље бил за време на парламентарните избори во Македонија.
Претходно Харадинај соопштил дека луѓе од коалицијата ВЛЕН, споменувајќи го Меџити, го контактирале Хоџа на барање на премиерот на Косово, Албин Курти.
„Десетици луѓе од ВЛЕН доаѓаат од Македонија за да го контактираат Хоџа, на барање на Албин. Тоа е Албин. Тие се обидуваат да најдат луѓе тука за да контактираат. Имаат иста (политичка) кујна таму, со оваа тука. Владата таму не била толку пријателски настроена кон многу вредности. Јасно е дека имаат кујна“, рекол Харадинај.