364
Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, истакна дека премиерот на Приштина, Албин Курти, го турнал Косово во длабока криза и побара од опозициските партии да се обединат за гласање недоверба на актуелната влада во Приштина.
„Според моја проценка, Косово е во опасна криза, која веќе не е во рамките на вообичаените параметри кога власта не е добра, туку постои ризик што ја загрозува суштината на она што сме, во овој случај републиката“, рече Харадинај и додаде дека опасноста не доаѓа само од начинот на управување со Приштина, туку и од тоа како односите со сојузниците се влошени, пренесува „Коха“.
Харадинај побара од опозицијата да собере 40 потписи за да започне, како што рече, битката за недоверба.