Харадинај: На Косово му треба аеродром за итни случаи, за да не слетуваат авиони во Скопје и Белград

од Nikola Popovski
41 прегледи

Лидерот на косовската партија АБК и кандидат за премиер, Рамуш Харадинај вели дека на Косово му треба алтернативен аеродром за летови во итни случаи, за да не мора во тие ситуации да се слетува во Белград или во Скопје.

Според него, аеродромот во Ѓаковица ги исполнува сите критериуми.

„Косово секако мора да има алтернативен аеродром за итни летови, за неговите патници да не дојдат во ситуација да слетуваат во Белград и Скопје“, посочил Харадинај.

Харадинај ветува адаптација на аеродромот во Ѓаковица, кој ќе служи како стратешка точка за функционалноста на воздушниот сообраќај.

„Оваа адаптација ќе се постигне со прифатлива инвестиција за буџетот. Нашата посветеност да го трансформираме овој имот во важна точка на националната безбедносна инфраструктура е дел од визијата на Победоносното Косово“, додал тој.

Слични содржини