Лидерот на партијата Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, денеска организирал прием за ветераните на ОВК, на кој изјавил дека ОВК е „најуспешната герила“ во минатиот век, јавува „РТК“.
На приемот присуствувал и лидерот на ДУИ и поранешен припадник на ОВК, Али Ахмети.
Харадинај порачал дека не е задоволен од статусот на ветераните, ветувајќи промени и изјави дека „ОВК ќе има дом во секоја општина“.
Тој додал и дека сака следната година со нив да бидат „другарите“ кои сега минуваат низ судскиот процес во Хаг, мислејќи на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Сељими, Салих Мустафа и Пјетро Шаља.
„Тие се борци за слобода, ние веруваме во нивната невиност“, кажал Харадинај.
Во Косово, 30-ти декември се слави како Ден на борците.