Харадинај: ОВК заслужува Нобелова награда

од Nikola Popovski

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен командант на т.н. Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека е цел живот со ОВК и дека верува дека ОВК ја заслужува Нобеловата награда.

„Јас сум еден од борците кои никогаш не го напуштија бојното поле. Секогаш бев само во воени зони. Честопати зборував дека војната на ОВК треба да биде наградена со Нобелова награда. Исто така ви велам дека ќе бидам ОВК до крајот на мојот живот, пред секоја личност. Горд сум на војната што ја водеше Косово“, истакнал Харадинај за ТВ Дукаѓини, пренесува „Коссев“.

„За време на војната, јас бев ангел, како и секој борец кој спаси многу невини луѓе во тоа време. Не можевме да ги спасиме сите. Друг ангел во тоа време беше НАТО, кој ни помогна да излеземе од окупацијата. Што се однесува до ова време, сите ние треба да преземеме одговорност за она што го правиме“, додал Харадинај.

Слични содржини