Министерот за надворешни работи на Косово, Меjлиза Харадинај Стубла, оцени дека со испорака на вакцини на северот на Косово и Метохија, Србија „грубо и флагрантно“ ги прекршила договорите во врска со царинските печати и заемното признавање на договорите за фармацевтски сертификати.
Таа на Твитер прецизираше дека тие договори се постигнати во 2015 година за време на техничките преговори во Брисел и дека очекува реакција од меѓународната заедница поради кршење на Бриселскиот договор.
„Србија ги загрози националната безбедност и суверенитетот на Косово, укажа на непочитување на напорите на Вашингтон и Брисел за нормализирање на односите меѓу нас и исто така се мешаше во стабилноста, мирот и безбедноста во регионот. Очекуваме соодветна реакција (од меѓународната заедница)“, изјави Харадинај Стубла.