28
Џејмс Харден ќе остане во Лос Анџелес Клиперс, објави Ројтерс. Тимот од Калифорнија му понуди договор вреден 70 милиони долари годишно, понуда што се очекува да ја прифати.
Во текот на минатата кампања во НБА, Харден имаше просек од 16,6 поени, 8 асистенции и 5 скока на 72 натпревари. Тој е еден од најуспешните играчи во своето време, со просек во кариерата од 24 поени на 1.072 одиграни натпревари.
34-годишниот кошаркар 10 пати играше на Ол-стар натпреварот, три пати ја освои наградата за најмногу постигнати поени во една кампања, двапати најмногу асистенции, но никогаш не стигна до титулата во НБА.
Тој ги носеше дресовите на Оклахома Сити Тандер, Хјустон Рокетс, Бруклин Нетс и Филаделфија 76ерс.