Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл влегоа во листата на 25 највлијателни интернетѕвезди на магазинот „Тајм“.

Актерките Џамила Џамил и Џејда Пинкет Смит се во листата, како и пејачка Аријана Гранде ираперот Лил Нас Ex.
Принцот Хари и Меган имаат 9 милиони
следбеници во Instagram. Тие редовно ги објавуваат
информациите за нивната хуманитарна работа и фотографиите на своето бебе Арчи.
„Тајм“ го истакна иноваторскиот пристап на Принцот и Војвотката кон платформата и вештината да
се фокусираат кон различни теми доследно, како климатските промени или менталното здравје,
пренесоа агенциите.
Пејачката Аријана Гранде има повеќе од 223 милиони следбеници во Инстаграм и Твитер. Во
февруари, таа стана првиот музичар по „Битлси“ кој ги освои првите три места на топ листите на
„Билборд“, Хот 100.