Принцот Хари и Меган се отстранети и од веб страницата на кралското семејство. На титулата која ја имаа, наместо кон нивните биографии, страницата се пренесува кон информациите за медиуми.
Инаку Кралицата Елизабета втора денеска одлучи дека со напуштањето на Хари и Меган на кралскиот живот, тие повеќе нема да можат да ги користат своите титули „нивно кралско височество“ и нема да добиваат пари од јавните фондови за должностите кои ги извршуваат членовите на кралското семејство.
Во соопоштението од Кралицата се наведува дека Хари, Меган и нивниот син Арчи, секогаш ќе останат сакани членови на семејството.
„Ги разбирам предизвиците со кои се соочија во изминативе две години и ја поддржувам нивната желба за независен живот“, пишува во соопштението на Елизабета втора.
За познавачите, начинот на кој Кралицата ја дава дозволата е еден вид засладен отказ. Ангела Левин, краслки биограф и автор на книгата „Хари: Разговори со принцот“ вели дека се работи за многу љубезен отказ, но и едно од оние писма, „Доста ми е, мора да си одите“.
„Мислам дека е многу, многу суптилно направено и сите нека знаат дека нема шега со кралицата“, објаснува Левин.
Во соопштението од Бакингамската палата се вели дека парот од Сасекс повеќе нема да ги користи титулите и оваа одлука почнува да важи од пролет годинава.
Хари и Меган ќе имаат дом во Велика Британија, а тоа е Фрогмор Колибата, која им ја подари кралицата и за чие реновирање потрошија 4 милиони фунти.
Според младите Британци, Хари требал да продолжи да ги извршува кралските должности, бидејќи е дел од млада генерација која може да направи многу за младите.