Принцот Хари и Меган Маркл по три месеци повторно се појавија заедно, и тоа преку видео. По неколку недели шпекулации за нивната разделба, парот стави крај на шпекулациите со заедничко појавување, што воедно беше и нивно прво појавување заедно по три месеци.
Принцот Хари, поранешен член на британското кралско семејство, и Меган ги координираа своите облеки за снимање видео за Светската министерска конференција за борба против насилството врз децата. Во својот говор тие го истакнаа проблемот со онлајн насилството. И двајцата носеа значки со афион во чест на војниците кои загинаа во Првата светска војна.
Ова е нивно прво појавување заедно по три месеци, откако последен пат се видени заедно во Њујорк.
Откако Доналд Трамп стана нов американски претседател, многумина сега ги интересира што ќе биде со визата на принцот Хари. Имено, принцот Хари, кој со Меган Маркл се пресели во САД во 2020 година, сега е официјален жител, што е потврдено со документите поднесени во април. Тие наведуваат дека принцот е лице со постојана дозвола за престој во земјата, пишува Daily Mail.
Сепак, за време на долгата и се понапната изборна и претседателска кампања меѓу Доналд Трамп и Камала Харис, новоизбраниот претседател на САД рече дека ќе преземе „соодветна акција“ за визниот статус на Хари доколку биде избран. Тој, исто така, го критикуваше војводата од Сасекс, обвинувајќи го за „непростливо предавство“ на покојната кралица Елизабета Втора.