Хари и Меган со НОВОТО ВИДЕО сакаат да ги замолчат гласините за брачните проблеми

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Иако отсекогаш многу се труделе својата врска да ја прикажат како идилична, во последно време се почесто се зборува за брачната криза на принцот Хари и Меган Маркл. Тие наводно веќе некое време живеат на различни локации, но најновото видео покажува дека парот воопшто и нема поголеми проблеми.

Хари и Меган ја раскажаа својата кинематографска љубовна приказна во документарен филм на Нетфликс, а нивната љубовна идила ги однесе од Лондон до Монтесито за да можат да живеат по свои правила. Мешањето на кралското семејство во нивниот брачен живот не им беше опција, па парот одлучи својот социјален статус да го насочи во хуманитарна работа.

Нивната организација „Арчевел“ им помага на оние кои имаат потреба, а Хари и Меган се исклучително горди на успесите што ги постигнале заедно.

Поради гласните гласини за проблеми во бракот, двојката одлучила да седне пред камерите и да сними видео за да ги претстават избраните членови на кои одлучиле да им пружат финансиска помош како дел од акцијата „Одговорен технолошки фонд за моќ на младите“. Романтична клупа сместена во природа на која седеа заедно е само еден од начините да го покажат своето заедништво и дека уживаат во времето кое го поминуваат заедно.

Нивниот говор на телото ја откри блискоста, а парот ништо не препушти на случајноста, па решија да се поклопат и со нивната мода!

Слични содржини