Британскиот принц Хари денеска пристигна во Високиот суд во Лондон на вториот ден од сослушувањето во неговата тужба против издавачот на весникот „Дејли Мејл“ поради долгогодишно наводно прислушување телефони и нарушување на приватноста.
Хари, помладиот син на кралот Чарлс, поднесе тужба против Associated Newspappers (ANL), заедно со шест други весници, тврдејќи дека е жртва на „многубројни незаконски дејствија“ од новинари или приватни истражители кои работат во име на ANL, Daily Mail и Mail on Sunday.
Во тужбата се приклучија и пејачот Елтон Џон, режисерот и сопругот на Џон, Дејвид Фурниш, и актерките Елизабет Харли и Сејди Фрост.
ANL, која бара отфрлање на случајот, во соопштение наведе дека категорично ги отфрла обвинувањата и енергично ќе ги брани доколку има потреба.