Англискиот пејач Хари Стајлс ја освои наградата за албум на годината на овогодинешното доделување на Брит музичките награди во Лондон.
Стајлс ја доби наградата за албумот „Harry’s House“, пренесе Ројтерс.
Стајлс, кој е и текстописец и актер, ја освои и наградата за песна на годината за „As it was“ и наградата за Уметник на годината.