Хари Стајлс „смува“ уште една холивудска убавица

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Хари Стајлс е познат како еден од водечките холивудски заводници, а сега уште една убавица падна на неговиот шарм.

Станува збор за американската актерка Оливија Вајлд.

Откако холивудските медиуми со недели шпекулираа за нивната романса, конечно пристигна потврдата во форма на папарацо фотографии каде е можно да се види парот како разменуваат нежности на приватна јахта.

Да потсетиме, Оливија првично ја градеше својата кариера играјќи во американски хит филмови и серии, како што се: Хаус, Трон, Каубои и вонземјани, а потоа се потврди во театарот (улогата на Јулија во Бродвеј, претставата „1984“), но и како режисер на филмот „Бубалца“).

Хари, од друга страна, се здоби со популарност со учеството во британскиот „Х Фактор“, каде што беше формиран бендот „One Direction“, по чие распаѓање започна независна музичка кариера, а до денес докажа дека е најуспешниот член на оваа група.

Фото: Пејџ Сикс

Слични содржини